Тројцата мускетари Данов, Реџелари и Зубаиров ќе бркаат медал!

Boban Danov so zname na EI

Утре на Европските игри настапуваат преостанатите македонски борачи во слободен стил: Бобан Данов, Јасин Реџелари и Халил Зубаиров.

Бобан Данов можеби го доби најтешкиот противник, Гени Петриашвили од Грузија. Во наредното коло би се борел против победникот Чину од Велика Британија и Хостијанивски од Украина (почеток во 8:17 часот).

„Жребката ми е катастрофа“, е првиот коментар на Бобан Данов, но тој вели: „Машки ќе се изборам со Грузиецот, кој е трет и на Светското и на Европското првенство. Во групата се уште и Русинот и Украинецот. Ќе дадам се од себе“.

Jasin vo mok za ei

Јасин Реџелари ќе се бори против Криштоф Биенковски од Полска , ако победи во наредната борба ќе се сретне со Велков (Бугарија) или Јурциус (Естонија). Тој на душекот ќе се појавио во 7:28 часот по македонско време.

 

„Ќе дадам од себе за да направам што подобар резултат“, изјави Јасин Реџелари пред утрешната борба.
Халил Зубаиров ќе се бори против Радослав Марцинкиевич од Полска, а во наредното коло противникот ќе го добие од дуелот Ксемидис од Грција или Буева од Франција. Со две победи во полуфиналето ќе го чека најдобриот светски борач во оваа категорија Садулаев, кој, за наша среќа, има негативен биланс со нашиот Зубаиров 3-0  (почеток во 8:10 часот).

Halil Zubairov na EI

Од таборот на нашиот борач најавуваат дека Зубаиров ќе се вклучи во борбата за медал, иако распоредот му е тежок, но и хендикипиран што покрај душекот нема да го води тренерот Гајдар Гајдаров, иако така беше договорено вчера.

Зубаиров пред Садулаев
Зубаиров пред Садулаев

 

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО