Рунтиќ ветува враќање на сјајот на боксот, а градоначалникот Захариев поддршка за Пинк Пантер

Jurica Runtik vo Stip

Претседателот на Регионалната боксерка лига, Јурица Рунтиќ, кој денеска и утре е во посета на Штип изјави дека целта на неговата посета е промоција на Регионалната лига и на нашиот претставник. При денешната посета Рунтиќ изјави дека со формирањето на Регионалната боксерска лига ќе заживее и боксот на Балканот како што бил некогаш.

Jurica Runtik kaj gradonacalnikot

Проектот регионална лига стартува на 4 март. Во Управниот одбор е и Илија Млаедновски, претседател на боксерскиот клуб Пинк Пантер од Штип, при што морам да ја истакнам неговата голема ангажираност во овој проект и навистина ми е драго што гледам дека се уште постојат луѓе ентузијасти и кои го сакаат спортот. Се надевам дека боксот, кој сега е на доста ниска ниво, конечно ќе го добие вистинскиот сјај, онаму каде што треба и да биде“, истакна во Штип за медиумите претседателот на Лигата, Јурица Рунтиќ.

Ilija Mladenovski kaj gradonacalnikot

Навистина ни е чест што денес и утре наш гостин е претседателот на Регионалната лига. Целта на неговата посета е да ги запознае условите во нашиот клуб и нашиот град. Покрај градоначалникот, ќе оствариме и средби со претседателот на Боксерската федерација на Македонија, директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески, како и со неколку големи компании кои би не поддржале во овој проект. Се надевам дека достојно ќе го претставиме нашиот клуб и нашиот град. И, се надеваме и на висок пласман. Изјави Илија Младеновски“, претседател на БК Пинк Пантер.

Regonalna liga logo

Илија Младеновски за Ipon.mk, по денешните средби изјави:

„Ја заокруживме финансиската конструкција и подготвени го очекуваме ова регионално натпреварување. Очекуваме не само промоција на градот Штип и Македонија туку и на боксерите кое желно очекуваат да ги потврдат своите квалитети. Направивме добра екипа со квалитетни боксерски имиња што ќе ни гарантира добри настапи. Во оваа прилика сакам да ги повикам фирмите да ги искористат можностите од новиот закон за спорт кој веќе функционира и да одвојат средства од данокот за добивка за да го помогнат нашиот клуб за поуспешно претставување во Регионалната лига“.

Инаку првата средба ја направија со градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, од кого побараа поддршка за овој проект и го запознаа со Регионалната боксерска лига.

„Формирањето на Регионалната лига е одлична идеа, а Општината ќе го поддржи БК Пинк Пантер кој е единстевниот наш престваник“ изјави градоначалникот на Штип Илчо Захариев.

Првото коло од регионалната лига запонува на 4 март, а Пинк Пантер во Штип ќе ја пречека екипата на Војводина.

Pink panter ekipa slikicki

За Пинк Пантер ќе настапуваат Александар Ристовски, Мухамед Кадриев, Мартин Алексов, Никола Арсов, Гоце Јанески, Илче Јоноски, Димитар Ташков и Александар Димовски.

Ќе се натпреваруваат по двокружен систем, по еден натпревар дома и во гости. Во првата година од ова натпреварување не е предвидено испаѓање на клубовите, со оглед на нивниот број. Но, во следните сезони, кога бројот на екипите ќе биде поголем, ќе има и промоција и испаѓање.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО