Љубиша Пешко избра репрезентативци и ги покани на подготовки во Шведска

Zubairov i Pesko na Biserot

Тренерот на БК Вардар, Љубиша Пешко, ги поканува сениорските репрезентативци на Македонија, според негов избор, од 21 до 26 февруари 2017 година во Cтокхолм, Шведска, на базични подготовки и учество на еден солиден турнир.

Tancev so reprezentativcite

Во овој избор влегуваат: 57кг Владимир Егоров ( Вардар), 61кг Лабазан Аскербиев (Вардар), 65кг Јасин Реџалари (Лирија) и Ертан Реџепи (Тефејуз), 70кг Дејан Митров ( Балканец) и Александар Павлев (Спартак), 74кг Бесмир Весели (Лирија) и Бехар Махмути (Тефејуз), 86кг Халил Зубаиров (Вардар), 97кг Мохамедгаџи Нуров (Вардар) и  Тимур Хамикоев (Вардар) и 125кг Бобан Данов ( Вардар).

Danov i Pesko

„Според мене, треба да се престане да се гледаат само личните интереси и личната афирмација, а да се започне со работа за обезбедување средства и услови за систематски развиток на целокупното македонско борење, како национален спорт, без импровизации и стихијност. Како стручно лице во областа на борењето како спорт, немам намера да убедувам некого како и зошто треба правилно да се тренира за остварување на спортски активности и светски забележителни резултати. Врз основа на актуелната состојба на македонските боречки клубови, анализа на претходните резултати и учество на нашите борачи, дојдов до констатација дека мора да се повтори успехот на Халил Зубаиров, да освоиме најмалку еден медал на Европското првенство У-23 следниот месец во Унгарија и два медали на Европското првенство за сениори во мај, Србија-Нови Сад. Започнува нов олимписки циклус и треба да се зацртаат и реализираат стриктно планирани тренажни програми и планирани учества на првенства со однапред зацртана цел и резултати. На боречките репрезентативци треба да им се овозможи учество на повеќе меѓународни турнири, каде што има појака конкуренција, со што ќе стекнат поголемо искуство и да изборат право како евидентни репрезентативци. Учество и остварување на забележителни резултати на Европски и Светски првенства“, вели тренерот на Вардар кој работи во Шведска и има боречки клуб, Љубиша Пешко.

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО