Руиз: Славата влијаеше на мене, па милсев дека Џошуа ќе го завршам исто како и во првата борба

По губењето на титулата светски шампион во тешка категорија, се чини дека Енди Руиз многу жали за начинот на кој го заврши реваншот со Ентони Џошуа.

30-годишниот Мексиканец во јуни сензационално го згази Британецот и освои три од четирите појаси на големите федерации.

Во реваншот во Саудиска Арабија беше поразен со едногласна одлука на судиите. Во текот намечот само неколу пати успеа да го потфати Џошуа, а иако беше опасен во тие моменти, не беше доволно да ја одбрани светската титула.

Призна дека премногу се забавувал по победата на првиот меч и дека некои други лични слабости влијаеле на неговите подготовки за реваншот.

Веќе беа тргнати гласини за можна средба за неприкосновениот шампион со ВБЦ шампионот Дионтеј Вајлдер со кого го дели истиот промотор на Премиер бокс чемпионс.

„Требаше повеќе да тренирам. Нема изговор. Мислам дека веќе гледав што после оваа борба. Мислев дека ќе биде исто како и во јуни. Но, сепак работевме на некои работи. Мислам дека проблемот за мене беше што бев малку потежок. Всушност, бев многу потежок и не ја испорачав најдобрата изведба“.

Иако се очекуваше Руиз да влезе полесен во реваншот во однос на првата борба, тој во рингот во Диријах влезе значително потежок. Тежеше 128,7 килограми, што е за 7 килограми повеќе од првата средба со Џошуа.

„Ми кажауваа многу работи. Мислам дека славата малку влијаеше врз мене. Бев среќен што бев во таа ситуација. Имав среќа да станам првиот мексикански шампион во тешка категорија во светот. Морам да научам од моите грешки и да се вратам “.

На Руиз ова му беше само втор пораз на 35 меча. Првиот го доживеа за испразнетата титула на ВБО во 2016 година со мнозинска одлука од Џозеф Паркер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО