БЏЏ репрезентацијата освои 10 медали на „Абу Даби про Корација“ и 13 на „Фјучр шампионатот“ (ФОТО/ВИДЕО)

Изминатиов викенд Македонските БЏЏ репрезентативци освоија 10 медали на Меѓународниот турнир Abu Dhabi Pro 2019 CROATIA“ во Загреб, од кои 4 златни, 5 сребрени и 1 бронзен. Наредниот ден, недела, во Белград „Фјучр шампионатот 2019“ најмладите натпреварувачи се закитија со 13 медали- 7 златни, 5 сребрени и 1 бронзен.

На „Абу Даби про 2019 Кроација“ медалите ги освоија:

Златни медали

Даниела Алексовска

Марко Петровски

Томи Блажевски

Ева Илиевска

Сребрени медали

Стефан Пецевски

Михаил Поповиќ

Ева Илиевска

Бојан Манчевски

Дамјан Петровски

Бронзени медали

Вања Милевски

На „Фјучр шампионатот 2019“, еден од најдобрите турнири за деца до 18 години на Балканот, учествуваа повеќе од 350 натпреварувачи.

13-те медали ги освоија:

Златни медалиДаниела Алексовска

Томи Блажевски

Дин Радончиќ

Ања Чивчиристовска

Марко Ристовски

Петар Цветановски

Никола Цветановски

Сребрени медали:

Дамјан Петровски

Александар Колевски

Ива Богдановска

Филип Митревски

Борјан Трпковски

Бронзени медали:

Марко Петровски

„Викендов се истакнаа Даниела Алексовска и Томи Блажевски со по два златни медали на двата турнири, Марко Петровски кој успеа да освои 1 златен и 1 бронзен медал и Дамјан Петровски кој се закити со 2 сребрени медали“, вели селекторот Ивица Алексовски.

Тој нагласува дека Алексовска во Загреб со своите 44 кг морала да се бори во категоријата до 57 кг. И двете борби ги завршила со зафат. Во Белград се борела една категорија погоре (доброволно се пријавила) и во финалето ја победила Сара Филиќ која пред една недела го освои второто место на Европското првенство во БЏЏ во Ирска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО