Александар Волкановски: Ќе го испратам Холовеј во лесна категорија

Александар Волкановски е подготвен целосно да ја искористи шансата која стрпливо ја доби со пот и крв по седум последователни победи во УФЦ. Тој ќе се бори за титулата во лесна категорија против Макс Холовеј на УФЦ 245 во Вегас. Волканковски е во серија од 17 последователни победи на ММА и не загубил шест години. Верува дека е пишано да ја освои титулата на организацијата и е подготвен да го испрати Холовеј во лесна категорија.

Макс веќе се обиде во потешката категорија оваа година за привремената титула, но изгуби и се врати во перо. Александар верува дека Макс нема да може да ги поднесе неговиете тешки удари и по овој викенд ќе го присили да ја промени категоријата.

„Вистината е дека во лесна категорија тие се премногу силни за него. Ова е причината зошто тој е непоразен толку долго во перо категорија и ако се качи во горната категорија ќе страда. Ако ги прашате оние кои тренираат со мене, ќе ви кажат дека сум како полусреден борец.

Имам голема сила и не сакам да сум надмен, но сум еден од најмоќните борци. Не можам да дочекам да го покажам тоа. Ќе го видите овој викенд. Луѓето велат дека е поголем од мене, но кога ќе го зграпчам ќе ја видите мојата сила и тој ќе го почувствува тоа. Тој е голем и тешко е да се влезе во категоријата.

Не сакам да се фалам, но ќе ја почувствува мојата сила и ќе разбере дека најпаметната одлука е да влезе во лесна категорија. Овој викенд ќе му помогнам да донесе одлука за горенаведената категорија. Подготвен сум таа ноќ да ја направам моја“,  изјави Волкановски.

https://www.instagram.com/p/B5kCQg_gbWk/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО