Руиз одговори на навредите на Вајлдер: Погоди што ќе се случи?

Имено, Бронзениот бомбардер нуди поделба на хонорарот од 70-30, на што Енди и неговиот татко не сакаат да се согласат.

Тренерот на Вајлдер, Малик Скот неодамна истакна дека „заработката не може да се подели 50-50, бидејќи Енди е преценет“.

„Навивачите сакаат да видат како Вајлдер ќе му ја скине главата на Руиз, а потоа тоа се продава“, изјави Малик Скот, а Бронзениот бомбардер не го поштеди ниту потенцијалниот противник:

„Енди беше шампион додека трепнеш“.

Вајлдер продолжи да го навредува одбивањето на Руиз, а сега Руиз му одговори.

„Зошто си лут? Само затоа што татко ми застана зад мене и се труди да заработи што повеќе пари. Ајде, нема причина да се лутиме поради тоа“, изјави Енди Руиз Јуниор преку својата приказна на Инстаграм и додаде:

„Сите велат дека сум дебел, имам кратки раце и не сум брз во рингот. Погодете што ќе се случи? Тоа буцкаво дете ќе те понижи“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО