Росен Николов во ненајавена посета на Хва ранг ИТФ, ги почести со семинар

Тaеквондистите на Хва ранг ИТФ и Хва ранг фист овај викендов што помина пријатно се изненадени од посетата на ненајавениот гостин мастер Росен Николов, црн појас 7 дан. Николов е од Бугарија и е еден од најдобрите инструктори во регионот и пошироко, на задволство на вежбачите на оваа вештина несебично одржа семинар.

„Огромно е задоволство што не посети и несебично ни одржа семинар, притоа презентираше дел од неговото огромно знаење и искуство на нашите натпреварувачи  кои полека почнуваат да се подготвуваат за есенската натпреварувачка сезона. Со еден збор, ова ни дојде како кец на десетка“, вели Марјанчо Лазаревски, претседател на Македонската ИТФ.

Исто така, Лазаревски и Аце Јосифоски истакануваат дека се премногу задоволни од семинарот и многу им е мило што огромен дел од нивното знаење го имаат стекнато токму од овај врвен мајстор, а сега имаа прилика и нивните натпреварувачи да учат од него. Се надеваат дека и во иднина ќе има вакви ненајавени посети кои за нив се од огромно значење.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО