Ковалев против Украинецот Шарбрански

Без тренер и по два последователни порази, Сергеј Ковалев (30-2-1, 26 КО) ќе се врати во рингот на 25 ноември во Њујорк.

Противник на 34-годишниот Русин во 10 рунди ќе биде Вјачеслав Вјачеслав Шабрански – „Лајон –харт Чингонски“ (19-1, 16 КО).

30-годишниот Украинец во 2015 година со мнозинска одлука го совлада Кубанецот Јуниески Гонзалес, а единстевниот пораз во кариерата го доживеа во декември минатата година кога го нокаутира уште еден Кубанец Саливан Барера.

Ковалев загуби од Андреа Ворд во последните две средби и остана без титулата светски шампион во полутешка категорија. Покрај тоа, повеќе не работи со тренерот Џон Дејвид Џексон, кој по прекинот на соработката јавно го мава рускиот боксер.

https://youtu.be/jKHjjQV415Q

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО