Сор Рунгвисаи брутално го нокаутира Чоколатито (ВИДЕО)

Срисакет Сор Рунгвисаи (44-4-1, 40 КО) го нокаутира Роман Гонзалес во реваншот во Карсон и прв пат ја одбрани титулата на ВБЦ во супермува категорија.

30-годишниот Тајландец со мнозинска одлука на судиите во март му го нанесе првиот пораз на Чоколатито во кариерата. 30-годишниот Никарагванец пред борбата се сметаше за паунд фор паунд најдобар боксер во светот.

Во реваншот, Сор Рунгвисаи прво го соборуваше Чоколатито со кроше со размена на удари во првиот дел од четвртата рунда. Гонзалес успеа да одговори на броењето, но Тајландецот тешко го нокаутира со уште едно кроше триесет секунди подоцна.

https://youtu.be/Gf0unc8aFPM

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО