Финансискиот советник кој го испокраде Тајсон заврши во затвор

Финансискиот советник кој ги украде своите клиенти, вклучувајќи го и Мајк Тајсон и кошарските ѕвезди Глен Рајс и Дикембе Мутомбо, осуден е на затворска казна.

56-годишниот Брајан Оуранд, поранешен извршен директор на компанијата, е осуден на 33 месеци затвор и мора да врати еден милион долари.

Оуранд парите ги потрошил за приватни патувања, коцкарски долгови, школуварина за роднините на неговата девојка и ресторани.

„Сè што можам да кажам е дека ми е жал за сета болка и срам што и го нанесов на моите клиенти, семејството и пријателите.

Оуранд беше толку близок со фамилијата на Тајсон така што им беше на венчавката и и помогнаше кога и почина 4-годишната ќерка во 2009 година.

Обвинителите навеле дека дури ја искористил и смртта на ќерката на Тајсон за да прикрие некои траги од кражбата. Призна дека користеле лажни чекови, нелегална употреба на кредитни картички и готовински трансакции за кражба на пари од Тајсон во периодот од 2006 до 2011 година.

„Вие сте само еден во долга низа на оние кои ги изневеривте и ги каредевте“, рече судијката одбивајќи го предлогот на одбраната за еднагодишна казна.

Оуранд и минатата година беше осуден во сличен случај, а потоа мораше да врати еден милион долари, но ја избегна затворската казна.

Најголем дел од парите ќе одат кај неговиот поранешен работодавец SFX Financial Advisory Management Enterprise за загубите – 546.168 долари и Тајсон 265.124 долари.

Тајсон, Мутомбо и Рајс поднесоа тужба против SFX и се договорија со компанијата околу отштетата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО