Тајсон Фјури: Ќе се вратам во рингот

Поранешниот светски боксерски шампион Тајсон Фјури уште еднаш го промени размислувањето за неговата иднина.

Нестабилниот Британец неодамна објави дека повеќе нема да се качи во рингот, но сега кажува дека планира да ги навлече ракавиците. Ова ќе се случи откако ќе го помине сослушувањето за обвинението за допинг.

„Прво ќе ја добијам мојата боксерска лиценца, а потоа ќе продолжам да се борам, додека деталите ќе се разјаснат следниот месец“, изјави Фјури за Сан.

Сослушувањето на Фјури е закажано за октомври. Тој беше позитивен на допинг тестот во 2015 година.

https://youtu.be/R5srfN7cOks

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО