Коментатор се потсемва со Мејведер: Следниот меч ќе му биде против жена (ВИДЕО)

Легендарниот американски коментатор Џим Лампи се потсмева со Флојд Мејведер – Јуниор, коментирајќи го дуелот против Конор Мек Грегор. Лицето на ХБО призна дека не го гледал на големо рекламираниот меч.

„Видов само дека дуелот беше прекинат, како и статистиката на ударите. Ова ми е доволно за да дознаам што се случило во рингот. Сметам дека Флојд завршил прекрасна работа, а навивачите на ММА гледале и се си мислеле: „Мек Грегор ги доби првите три рунди“. Искрено да ви кажам, вчудоневиден сум, како толку многу експерти ги примија зборовите на Мејведер дека завршил со својата кариера, дали може толку лесно да заработат слични пари. Можно е следната средба да му биде против жена“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО