Ронда откри дека во големи колични конзумирала алкохол и марихуана!

ronda-cropse smee

Шампионот на УФЦ, Ронда Русеј, неодамна објави книга со наслов „Мојата борба /твоја борба“ во која изнесува некои моменти од животот кои пред објавувањето привлекоа големо внимание. 

Во книга Русеј говори за тешките моменти, но и за моментите на слава до кои дојде денес. „Њујорк пост“ објави некои делови од книгата пред да се појави на пазарот и нема сомнение дека ќе предизвика голем интерес.

Кога имала осум години татко и се самоубил. Неколку години пред тоа, тој имал несреќа по што се здобил со сериозни болки во грбот. Русеј тешко ги преживувала тие моменти и се посветила на џудото, во што ја поддржувала мајка и.

 Едно време редовно користела марихуана и алкохол, притоа станала зависник од Vicodin. Спиела во автомобилот, живеела во мали станови и се дружела со проблематични момчиња. Кога ја почнала ММА кариерата, заработувала само по неколку стотици долари по борба, а во исто време била и келнерка. Но, времињата се променија, денес ужива во славата и парите што ги заработи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО