Кро Кап: Ме прозива надопингувана личност која плукна на целиот спорт!

Filipović Mirko

Мирко „Кро Кап“ Филиповиќ не е личност што ќе повика друго лице да одговора на нечија провокација. Но, боречката легенда на својот фејсбук профил напиша статус во која тој одговора на „прозивката на надопингувано лице“.

 Целиот статус го пренесуваме во целост:

 „За сите оние кои се во потрага по медиумско внимание, ги советувам тоа да го остварат со резултати, а не со прозивки на други, кои со ништо не ги предизвикале и тоа со малоумни изјави, ја браат истата. А таа личност е толку издрогирана и издопингувана, така што плукна на целлиот спорт и кој единствениот резултат го направи под таков допинг, да му земеа 2 децилитри крв, убеден сум дека тоа ќе биде доволно да го продолжи животот на слонот на умирање за неколку години“, напиша Кро Кап.

 Иако Филиповиќ не наведа на која личност е посветен статусот, може да се претпостави дека станува збор за Алистер Оверем, со кого имаше вербален конфликт Мирко по нивниот меч на Дрим 6, кој заврши без победник (нема натпревар), бидејќи Оверем неколку  пати го погоди Филиповиќ со коленото во препоните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО