Ромеро посочува дека Адесања се променил по мечевите против Переира: Се преплаши!

Израел Адесања во средината на септември го претрпе вториот пораз во последните три натпревари. На настанот УФЦ 293 во Сиднеј Изи загуби со едногласна одлука од Шон Стрикленд, кој стана нов шампион во средна категорија.

А Адесања пред таа борба имаше два меча против Алекс Переира, во ноември минатата година загуби со прекин во петтата рунда и остана без титулата, а потоа славеше во реваншот и си го врати појасот.

Јоел Ромеро смета дека Изи се променил по натпреварите против Бразилецот, бидејќи претрпел преголема штета во тие борби.

Еве зошто Адесања не изгледаше добро против Стрикленд.

„За Адесања двете борби против Переира беа многу тешки и во нив доби значителна штета. Секако дека имаше проблем и Изи го почувствува тоа. Се преплаши“!, истакна Јоел Ромеро.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО