Марк Цукерберг демолиран по ММА спаринг

Извршниот директор на Мета, Марк Цукерберг, на својот Инстаграм профил објави фотографија на која се гледа со две надуени очи и набиен нос после тренинг.

Цукерберг ја oпиша фотографијата:

„Спарингот малку излезе од контрола. Можеби треба да го ажурирам мојот аватар“.

Цукерберг стана познат по афинитетot за мешани боречки вештини и во еден момент се шпекулираше дека се подготвува за ММА борба против шефот на X, Илон Маск, но вревата околу потенцијалната борба стивна.

Фотографијата на Цукерберг го привлече вниманието и на неколку познати ММА професионалци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mark Zuckerberg (@zuck)

 

Поранешната шампионка на ОНЕ шампионатот во средна и полутешка категорија Ванг Ла Нсанг ја коментираше фотографијата на Цукерберг, велејќи: „Можеби треба да ги држиш рацете горе Марк“.

Вил Гомис, кој има 3-0 откако се приклучи на УФЦ, исто така коментираше: „Она што не те убива те прави посилен“.

Претходно оваа година, Цукерберг учествуваше на турнирот во бразилска џиу-џица во Калифорнија и успеа да замине со два медали од натпреварувањето.

Цукерберг (39), исто така, претходно бил забележан како тренира со некои од најдобрите светски ММА борци, како што е „Последниот стилебендер“ Израел Адесанја.

Иако предложената „Битка на милијардерите“ се чини мала е веројатноста да се случи, претседателот на УФЦ, Дана Вајт, неодамна зборуваше за хипотетичката борба и рече дека сите добротворни организации што ќе добијат донации од борбата ќе бидат вистинските победници.

„Да ви кажам кој ќе победи во оваа борба: добротворните организации на кои ќе бидат донирани парите“, додаде Вајт.

Тие би биле апсолутни победници бидејќи мислам дека таа борба би донела милијарда долари, а тие сакаа 90 отсто од парите да одат во добротворни цели“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО