И Стипе Миочиќ сакал голем боксерски меч: Но, тоа е тешко да се направи кога си во УФЦ

Американскиот борец со хрватски корени Стипе Миочиќ по долга пауза се враќа во октагонот, а на 12 ноември на настанот УФЦ 295 во Њујорк ќе ја бара својата 21. професионална победа.

Миочиќ ќе се обиде да се врати на тронот на УФЦ во тешка категорија од кој беше сменет во март 2021 година кога беше поразен од Френсис Нгану со нокаут во втората рунда.

Пожарникарот од Кливленд во своето последно интервју откри дека сакал да боксира во текот на кариерата, но како УФЦ борец не можел да го направи тоа.

„Сакав голем боксерски меч, но тоа не успеа, не можевме да се договориме. Кога имате договор со УФЦ, тешко е да направите нешто надвор од организацијата. Се обидов, но не можев да одам подалеку од тоа. Беше тешко да се направи“, истакна Стипе Миочиќ.

Но, тоа не е невозможно ако сте Конор Мек Грегор. Всушност, на крајот на август 2017 година големата ѕвезда на УФЦ боксираше против Флојд Мејведер.

Конор издржа десет рунди против непоразениот светски шампион, а потоа судијата ја прекина борбата. Тоа беше 50-та победа на Мејведер во кариерата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО