Рој Џонс доби златен „ајфон 6“ со ликот Путин

putin na ajfon 6

Американската боксерска легенда, Рој Џонс – Јуниор доби необичен подарок пред мечот со Енцо Макаринели. Средбата ќе се одржи оваа сабота во Москва. Луксузна марка му подари на поранешниот апсолутен светски шампион во лесна-тешка категорија златен ајфон 6, кој е со портретот на претседателот на Русија, Владимир Путин. Покрај скапоцениот метал на него има и црн титаниум. До портретот на Путин има и потпис на шефот на државата.

„Штом ќе заѕвонам со овој телефон нема да го дадам на никого“, изјави Рој Џонс.

Сличен подарок доби и фронтмен на „Лимп Бискит“ Фред Дарст, кој постојано ја нагласува желбата да стане руски државјанин. Пред неколку недели новиот руски пасош го зеде Рој Џонс.

Инаку  Џонс одржа отворен тренинг во Москва пред мечот во сабота.

https://youtu.be/NagfVQG2eOo

https://youtu.be/_LyEn0XkqkA

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО