Погледнете ги највпечатливите провокации на Конор Мек Грегор кон Алдо (ВИДЕО)

Konor Mek Gregor so otvorena usta

Конор Мек Gрегор не e борец кој премолчува она што му доаѓа на ум за неговите противници. Без разлика дали е добро или лошо. Ама,… почесто е второто. Тој брзо се искачи во неговата категорија по импресивните и солидни борби, но никој не може да негира дека помошник во тоа му беше и „остриот јазик“, со кој методолошки се служеше за да се издво од останатите борци на ранг листата.

Неколку дена пред мечот за „престолот“ на категоријата „перо“ во најголемата организација во светското ММА, ви претставуваме некои од најзапаметените навреди кои ирскиот борец намерно и непрестано ги упатуваше на адресата на неговиот противник.

Деновиве публиката ќе разбере дали планот на Конор да го зајадува Хозе и да му „влезе под кожата“ на шампионот ќе му успее, или резултатот од вербалните напади силно ќе го мотивираат да се подготви и да биде опасен Алдо, за да си ги заштити името и угледот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО