Роберто Солдиќ со нокаут ја одбрани титулата на КСВ (ВИДЕО)

Роберто Солдиќ (16-3) на КСВ 49 во Гдањск против непоразениот Кристијан Казубовски (7-1) за прв пат ја бранеше титулата откако се приклучи по втор пат стана шампион во велтер категорија (-77 кг).

24-годишниот хрватски борец од Босна и Херцеговина,по минута ипол од борбата во првата рунда го нокаутира 24-годишниот Полјак.

Казубовски добро контрираше на лоу кикот на Солдиќ на почетокот, а потоа хрватскиот левучар погодуваше со силен заден директ.

Полјакот се тргнува напред и напаѓа со широко кроше, а Солдиќ одлично контрира со лево кроше преку рацете и го нокаутира Казубовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО