Џојс го нокаутира Александар Устинов (ВИДЕО)

Џо Џојс (9-0, 9 КО) забележа уште една значајна победа за нешто повеќе од година ипол во професионалната кариера.

По поразот на поранешниот светски шампион во тешка категорија Бирмејн Стиворн во февруари, 33-годишниот Британец на Ламекс стадионот во Стивенејџ со лево кроше во третата рунда го нокаутира 42-годишна Александра Устинов (34-4, 25 КО).

Ова е трет последователен пораз на Белорусинот.

Откако Мануел Чар го порази со едногласна одлука во ноември 2017 година за „регуларната“ титула на ВБА, Устинов во ноември минатата година загуби со прекин од Мајкл Хантер.

Следната борба на Џојс е закажана за 13 јули во Лондон во воведниот дел на настанот Даниел Дубоа – Натан Горман.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО