Дош Ањош го совлада Кевин Ли, одлично деби на Переира (ВИДЕО)

Во главната борба на УФЦ на овој настан во Рочестер се сретна поранешниот првак во лесна категорија Рафаел дош Ањош (29-11, 18-9 УФЦ) и поранешниот предизвикувач за привремената титула во таа категорија Кевин Ли (17-5, 10-5 УФЦ).

Мечот се одржа во велтер категорија, а на Ли ова му беше првата борба на 77 килограми.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=rLcJ1CXnpeQ

Го држеше темпото на борбата и по прилично изедначените три рунди се исцрпи, но Дош Ањош го заврши со давење со рачен триаголник во четвртата и ја прекина низата од два порази.

Мишел Перира – Демилидор (23-9-2 НЦ, 1-0 УФЦ) имаше одлично деби во најголемата светска ММА организација. 25-годишниот Бразилец со летечко колено и со заден директ во првата рунда го нокаутира Англичанецот Дени Робертс (16-5, 5-4 УФЦ).

За овој потег е награден со бонус од 50.000 долари.

https://www.youtube.com/watch?v=gtuZAZcOmb0

Втората награда за изведба на вечерта ја доби Грант Досон кој со давење од позади во втората рунда славеше против Мајк Тризано.

Аспен Ладд и Сијара Јубенкс добија бонус за борба на вечерта, а Лад победи со едногласна одлука.

Хулио Арче (16-3, 3-1 УФЦ) го отвори настанот со одличен нокаут. Во мечот во перолесна категорија со висок удар (хај кик) во третата рунда го победи Жулијан Ероса (22-8, 0-3 УФЦ).

https://www.youtube.com/watch?v=cvnTtBe4MQQ

УФЦ на ЕСПН + 10:
Рафаел дош Ањош – Кевин Ли (сабмишн, рачен триаголник, Р4)
Јан Хајниш – Антонио Карлос Јуниор (едногласна одлука на судиите, 29-28, 29-28, 29-28)
Фелисија Спенсер – Меган Андерсон (сабмишн, давење од позади, Р1)
Висенте Луке – Дерик Кранц (ТКО, Р1)
Чарлс Оливеира – Ник Ленц (KO, Р2)
Дави Рамос – Остин Хабард (едногласна одлука на судиите, 30-27, 30-27, 30-27)
Аспен Лад – Сијара Јубенкс (едногласна одлука на судиите, 30-26, 29-27, 29-28)
Дезмонд Грин – Чарлс Џорден (едногласна одлука на судиите, 30-27, 30-27, 29-28)
Мишел Переира – Дени Робертс (КО, Р1)
Грант Досон – Мајк Тризано (сабмишн, давење од позади, Р2)
Ед Херман – Патрик Каминс (ТКО, Р1)
Зак Камингс – Тревин Гилес (сабмишн, гилотина, Р3)
Хулио Арче -Жулијан Ероса (КО, Р3)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО