Били Џо Сандерс повторно е светски првак (ВИДЕО)

Били Џо Сандерс по втор пат ја освои титулата во втора различна категорија. Тој беше многу убедлив во мечот за слободната круна против Шефат Исуфи. Британецот доминираше речиси во текот на целата борба.

До минатата година, Сандерс беше шампион во пониската средна категорија, но го загуби појасот по позитивниот допинг тест пред задолжителната одбрана против Димитрис Андраде.

Шестата рунда беше критчна за Сандерс, затоа што доби тежок удар и беше притегнат во аголот, но успеа да преживее.

Англичанецот ја забележал 28-та победа во кариерата, 13-та со нокаут. Тој сè уште не е поразен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО