Јапонската сензација Инуе во финалето на ВБСС турнирот против Донаир (ВИДЕО)

„Регуларниот“ ВБА шампион Наоја Инуе (18-0, 16 КО) во Глазгов ги обедини светските титули во бантам и се избори за финале на ВБСС/ WBSS турнирот во категоријата до 53,5 килограми.

Инуеe во Шкотска во втората рунда го нокаутира претходно непоразениот Емануел Родригез (19-1, 12 КО) и му го зеде појасот на ИБФ.

26-годишната јапонска сензација го соборуваше Порториканецот со лево кроше по 30 секунди во втората рунда. По уште два нокдауни борбата беше прекината.

Инуе во четвртфиналето на ВБСС турнирот во првата рунда го нокаутира Хуан Карлос Пајан.

Во финалето ќе се бори против светскиот шампион во четири тежински категории и актуелниот шампион на ВБА (супер) воа бантам на Нонит Донаир (40-5, 26 КО).

36-годишниот Филипинец исто така двете борби на турнирот ги заврши со нокаут. Во четвртфиналето против Рајан Барнет и во полуфиналето кон крајот на април против Стефан Јанг.

https://www.youtube.com/watch?v=lHJPjeoMm6I
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО