Роберт Наумоски: Во бразилското џиу џицу ме заведе Ројс Грејси!

Роберт Наумоски и Ројс Грејси
Роберт Наумоски и Ројс Грејси

Никогаш не е доцна да почнете да се бавите со спорт, односно да го промените и да станете „професор“, иако животниот повик ви е професор кој математички ги пресметува сите потези. На 23 години Роберт Наумоски (1974) почнува да тренира бразиско џиу џицу (БЏЏ) и да стане почитуван професор/мајстор на оваа вештина.

Наумоски истакнува дека со спорт почнал да се занимава на 12 годишна возраст.

„Гледав еден УФЦ настан, при што еден борец ги победи сите противници со новиот стил на џиу џицу. Тоа беше Ројс Грејси, кој што новиот стил го афирмираше како бразилско џиу џицу. Мене тоа ме привлече и веднаш побарав клуб каде што ќе може да тренирам“.

Сепак, ова не му е првото спортско искуство, зашто како дете почнал да тренира нинџицу, па бокс и борење. Првиот учител го запознал случајно. Додека тренирал во салата, нејзиниот сопственик го повикал Роберт да направат спаринг-борба во подрумот на салата. На тој спаринг, сопственикот на салата му покажал движења и техники од БЏЏ. По тој ден, Роберт одлучува дека мора да види каква е оваа техника, да ги научи движењата како и стилот на БЏЏ. Започнал да тренира во локалната сала секоја сабота, скоро цела година, се додека не прочитал во магазинот „Блиц“ за првиот Австралиец кој добил црн појас во БЏЏ.

Robert i ivica so kllubot

Тогаш го запознава Пауло Гимараеш, првиот жител на Австралија носител на црн појас во БЏЏ. Од тој момент, Роберт сфаќа дека го пронашол својот БЏЏ учител. Наумоски уживал во тие тренинзи. Пауло им покажал на своите ученици дека БЏЏ не е само боречка вештина, туку целосен начин на живот. Пауло ги навел да се чуствуваат како дел од една голема фамилија во клубот.

Искуството во други вештини е меродавност со која може да се направи споредба меѓу БЏЏ и останатите вештини, односо која предност на овој спорт над другите.

„Ако го фатиш противникот, дали на татами или во реалниот живот, за раката, за ногата или вратот, за да не може да се извлече, туку да мора да се предаде. Сепак, боречките вештини си имаат свои убавини, ама една не може да покрие се. Џиу џицуто го покрива делот на граплингот, а имаме и добар систем самоодбрана“.

Robert i ivica

Постигнувањата на Наумоски се за почит. Тој е носител на мајсторски појас-црн прв степен. Има над 150 борби, при што 5 пати е шампион на Нов Јужен Велс, 3 пати на Австралија и 4 пати на Пан-Пацифик. Сега е тренер во неговиот клуб „Рутс Сент Џорџ“ со 240 следбеници. Тренираат речиси секој ден.

„Нашиот клуб е првиот од Австралија што имал светски шампион во професионално џиу џицу, а тоа се случи во Абу Даби. Околу 25 отсто од членовите на клубот се Македонци. За ова придонесува и стационираноста на клубот во Рокдаел, во околината на Свети Ѓоргија. Македонци се носители на златни медали од првенствата на Јужен Велс, Австралија и Пан-Пацифик“.

Наумоски е првиот мајстор Македонец во БЏЏ во Австралија. За појасот полагал пред бразилските мајстори Џорџ Перера и Пауло Гимараеш, и тоа по 12 години бавење со БЏЏ

Тој истакнува дека многу нашинци се занимаваат со боречки вештини.

„Неколкумина мои борци се подготвени да настапуваат во УФЦ“.

Наумоски не ги заборава корените, иако е роден во Австралија, неговите родите ли се од Прилеп, тој секоја година доаѓа во Македонија. Во нашта земја шест клуба го следат неговото учење на БЏЏ. Доаѓа за секое полагање, а за нашите приврзаници вели: „Супер се. Најдобар студент е Ивица Алексовски, кој држи тренинзи и во другите клубови. Минатата година на силен турнир во Загреб, Македонија се претстави во одлично издание. Нашата цел е да го омасовиме и популаризираме џиу џицуто во Македонија. Одиме чекор по чекор“.

Според него, во Австралија напредокот е олеснет поради добрата финансиска подлога, заради што полесно се оди на семинари и натпревари, додека за сето тоа во Маедонија мора да се вложи многу повеќе труд. Тој нагласува дека во нашата земја има многу таленти.

Robeerrt so EBR

Покрај обиколката на клубовите во Македонија, каде што одржуваше семинари и редовни тренинзи, еден ден беше посветен на Единицата за брзо распоредување при МВР, каде што се презентираа техники од БЏЏ. За поткованоста на ЕБР со боречките вештини, посебно за техниките од БЏЏ, Наумоски ќе рече: „Тие веќе знаат за што станува збор. Имаат големо искуство, затоа брзо ги сфаќаат техниките, како да ги правеле со години. Секоја година кога доаѓам држам часови и со нив“.

Demonstracija na ebr

Кога тренирал нинџицу, Наумовски некое време поминал во Јапонија. Тие не знаеле дека е Македонец, туку мислеле дека е од Австралиец. Јапонците му веле дека боречките вештини потекнуваат од Македонија и дека во нивната земја се дојдени преку Индија и Кина. Тоа било така зашто Александар Македонски прв имал професионална војска, која била обучувана со боречки вештини, поради тие способности и стигнале до Индија.

Кога сака да се одмори од џиу џицу тој предава математика во неговото приватно училиште, а држи часови и на факултет. За тотално опуштање игра билјард, ама таму не е успешен како во БЏЏ.

Robert i ivica seminarr

Со еден збор…

Роберт Наумоски е Македонец кој тренира БЏЏ во Сиднеј, Австралија. Преку „Рутс Македонија“, го шири популарното БЏЏ во Македонија.

Со боречките вештини и боречките спортови започнал да се заминава во далечната 1987 година, тренирајќи нинџицу. Во 1994 година положил за мајстоски појас- црн појас. Со помош од Пауло, Роберт ја отвара првата сала во Рокдаел, потоа во Карлтон и во третиот обид наоѓа постор во Бексли, со околу 200 метри квадратни површина, каде што и денес ги држи своите тренинзи.

Тој е носител на мајсторски појас-црн прв степен во БЏЏ. Има над 150 борби, при што 5 пати е шампион на Нов Јужен Велс, 3 пати на Австралија и 4 пати на Пан-Пацифик. Сега е тренер во неговиот клуб „Рутс Сент Џорџ“ со 240 следбеници.

 ipon.mk/В. Донев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО