Два милиона долари му понуди Ризин на Федор за настап на новогодишниот настан

sakakibara-i-fedor-na-tviter

Федор Емилијаненко нема да се појави на Ризин ГП, но затоа може да се најде на програмата настанот кој ќе вклучува три финалиња на истиот, доколку ја прифати понудата која му е испратена од страна на јапонската промоција.

Како што дознава порталот Bloodyelbow, на рускиот борец му се понудени два милиона американски долари за настап на последниот ден од годината, што ќе се одржи во Саитама арена. Федор на истиот настан веќе настапи минатата година, кога го победи Синг Џаидеп.

Од порталот дознаваат дека негов противник  може да биде Вондерлеј Силва, но тој сега е најавен како учесник на турнирот, на кој се приклучува во вториот круг, однонсо првата борба би ја имал на 29 декември

Емилијаненко неодамна изјави дека оваа година планира да се бори уште еднаш и во моментов е во фаза на прибирање на понуди. Откако пристигна оваа јапонската, тешко е да се очекува дека некој ќе ја надмине. И покрај тоа, Сакакибара и екипата секогаш биле добри спрема Федор по прашањето за „сервирање“ на противник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО