Јовановски ги победи и Американецот и судиите, но и Грција за името на СП во таеквондо (ФОТО)

marjanco-i-jovanovski-sp-italija-ustavno

На Светското првенство во теквондо за јуниори и ветерани на ИТФ, во Андрија, Италија, изминатиов викенд нашиот натпреварувач Алекснадар Јовановски (-69 кг) од Хва ранг ИТФ од Лескоец, Охрид, во борби за јуниори од 16-17 години стигна до осминафиналето, при што го совлада претставникот на САД кој важеше за фаворит.

jovanovski-pobeda-na-sp-itf

„И покрај големата поддршка на судиите, не успеа да го порази нашиот претставник. Со оваа победа Александар  ги порази и судиите“, вели неговиот тренер Марјанчо Лазаревски и додава:„Претсавникот на Америка собори на колена и со тоа им го прекина сонот на Американците да дојдат до медал во таа категорија“.

marjanco-so-nekoj-koreec

Инаку во категоријата на Јовановски имаше 37 натпреварувачи

„Борбата во осминафиналето со претсатвникот на Велс беше драматична, за жал, овој пат судиите го победија на нашиот претставник, со тоа што во последните секунди  претсатвникот на Велс водеше со само еден поен, на неколку секунди до крајот Александар со удар со нога го собори противникот, но за жал судиите не му дадода поени и со тоа му ја скратија  можноста да оди во четвртфинале со претсатвникот од Таџикистан“, потенцира Лазаревски, кој вели дека е презадоволен од настапот на Александар Јовановски, бидејќи направил историски успех победувајќи еден од фаворитите, а САД се сила во сите спортови. Но, задоволен е и затоа што ова е прв натпревар од ваков карактер за Александар, при што покажал огромна желба за победа и безстрашност, со што ветува многу, а можеби ќе биде и иден носител на медал од некое вакво првенство, под услов да се вложува во него.

jovanovski-borba-na-sp-itf

Јовановски во форми за црн појас 1 дан беше поразен во првото коло од претставникот на Северна Кореја.

itf-sp-vo-italija

На СП учествуваа 98 земји со над 1600 натпреварувачи.

%d0%bc%d0%b0%d1%80%d1%98%d0%b0%d0%bd%d1%86%d0%be-%d0%b4%d0%b0-%d0%bc%d0%b0%d0%ba-%d0%b8-%d0%b3%d1%80-%d0%b7%d0%bd%d0%b0%d0%bc%d0%b5

Вредно е да се одбележи дека на ова Светско првенство нашата репрезентација настапи со нашето уставно име Македонија, иако репрезентацијата на Грција броела околу 60 членови.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО