Ристо Димитров: Ќе дадам се од себе да ја забележам и втората победа во ФФЦ!

risto_dimitrov_georgios_vardis_600_skopje_2013

Ристо Димитров во петок на 18 септември ќе настапи на ФФЦ 19 настанот во Линц, Австрија, и ќе се бори против Австриецот со хрватско потекло, Мануел Билиќ, кој на своето прво појавување на ФФЦ во Виена беше домаќин на една од најкрвавите битки во историјата на оваа организација и спектакуларно го победи Драган Пешиќ.

Димитров вели дека е максимално подготвен и дека ќе даде се од себе Битола со „Чкембарите“ и Македонија да ја прослават втората Curino pred Lincпобеда во Фјнал фајт чемпионшип

Димитров омаловажен од страна на Билиќ дека во првиот настап во Скопје требало да ја изгуби борбата против грчкиот борец.

„Мислам дека тоа го направи намерно, за да се наметне што повеќе пред домашната публика (и во Австрија и во Хрватска), а и самиот е свесен дека ќе бидам противник кој ќе го памети. Погодете зошто?“, рече Димитров.

Инаку, Ристо подготовките ги направи во Битола, а имаше огромна помош и од кикбоксерите Александар Димковски-Димса и Александар Најдовски-Сканта, кои се дел од репрезентацијата на Македонија.

Да потсетиме како Димитров му врати во хрватските медиуми на Билиќ за навредите:„Го гледав неговиот настап против Драган Пешиќ и не бев импресиониран. Беше тоа крвава битка, но мислам дека крвта течеше од неговиот нос и дека Пешиќ можеше да го заврши. Но, што е, тука е. Јас не сум Пешиќ . Ќе видиме како ќе помине тоа“.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО