Кличко: Може да очекувате поагресивна борба од мене со Фјури

klicko direkt

Светскиот шампион во тешка категорија на ИБФ, ВБА, ВБО и ИБО, Владимир Кличко, изјави дека на претстојниот меч со Британецот Тајсон Фјури навивачите може да очекуваат од него поагресивни дејствија во споредба со голем дел од неговите претходни борби.

„Јас секогаш боксирам поагресивно со момци од мојот калибар или со такви кои се поголеми од мене. Тајсон Фјури има интересна телесна градба. Тој е како пајак – има голем стомак, но долги раце и нозе. Се надевам дека ќе имам доволно можности и простор за удари во телото“, изјави Украинецот.

„Што се однесува до мојата стратегија, ќе мора да почекате до 24 октомври. Се разбира дека имам стратегија за борбата, но јас сум подготвен да ја менувам во текот на борбата“, додаде Кличко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО