Александар Стојковски: Државното првенство магнет за репрезентативците-бркаат место за Светското првенство!

alek stojkovski vo ring

Во сабота се одржува Државното првенство во кик бокс кое има посебна тежина, затоа што е изборно за составот на репрезентацијата за Светското првенство во Белград, Србија, на 23 октомври.

„Се е под контрола од технички аспект, како од страна на нашиот клуб Каринг, кој се јавува како организатор на првенството, и од страна Кик боксинг федерацијата на Македонија. Организацијата е на вискоко ниво, ќе има две борилишта, еден ринг и едно татами. Очекуваме да има околу 40-тина борби“,истакнува тренерот на КБК Каринг од Скопје, Александар Стојковски-Алек.

Кикбосерите ќе се натпреваруваат во три дисциплини: лоу кик, К-1 и кик лајт.

plakat za kik boks drzavno so karing

Според него, ова е првото првенство кое е закажано пред два месеци, така што натпреварувачите имале доволно време да се подготват. Се очекува да настапат сите наши репрезентативци за да обезбедат места во националнот тим на СП во Белград. Мики Ивановски, Димитар Георгиев, Ненад Манојловски, Александар Најдовски, Александар Димовски, но и едно големо изненадување, за кое чекаме потврда.

Од клубот домаќин ќе настапат тројца кикбоксери: Златко Стојменов, Јовица Ивановски и Владимир Ивановски МиновТројца.

„Очекувам да ги потврдат местата во репрезентацијта за СП“, оптимистички рече Стојковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО