Резултати од УФЦ 179(ВИДЕО)

210

Трката по ММА, UFC 179 се одржа денеска порано во Рио де Женеиро, Бразил. Главната борба на вечерта беше долгоочекуваниот реванш меѓу шампионот во перо категорија, Хозе Алдо и кандидатот за титулата Чед Мендез.

ufc-belt

Направија одлично шоу за фановите, со борба, главно во стоење, при што разменија доста удари. Мендез покажа добри вештини, но не беа доволни за детронизација на шампионот. Хозе Алдо ја одбрани титулата со судиски одлука.

И вториот долго очекуван меч, исто така, заврши со судиски одлука. Фил Дејвис ја контролираше борбата против Гловер Теиксиера, благодарение на клинчовите, со стискање кон клетката и вештини во борбата ги убеди судиите да му ја доделат победата на него.

 Сите резултати од 179 UFC:

 Хозе Алдо го победи Чед Мендез со судиски одлука 49-46 x3

Фил Дејвис го победи Гловер Теиксира со судиски одлука 30-27 x3

Фабио Малдонадо го победи Ханс Стрингер со TKO (ground & pound) 4:06 р-2

Дарен Елкинс го победи Лукас Мартинс со судиски одлука 30-27 x2, 27-30

Бенеил Дариуш го победи Диего Фереира со судиски одлука 30-27 x3

Неил Магни го победи Вилиам Мацарио со TKO ( ground & pound ) 2:40 р-3

Јан Карбал го победи Накајуки Котани со клуч (rear naked choke) 3:06 р-2

Вилсон Рајс го победи Скот Јоргенсен со клуч (arm triangle) 3:28 р-1

Андре Фили го победи Фелипе Арантес со судиски одлука 29-28 x3

Жилберт Бурнс го победи Кристос Гиагос со клуч (armbar) 4:57 р-1

Тони Мартин гопобеди Фабрицио Камоес со клуч (Kimura) 4:16 р-1

На овој настан официјален гостин беше легендартниот Андерсон Силва, кој се очекува на борбите да им се врати во јануари. При влегување во салата, бразилските навивачи го дочекаа со овации, укажувајќи му дека сакаат да ги гледаат неговите борби во октагонот.