Поветкин го нокаутираше Такам (ВИДЕО)

Поранешниот професионален светски шампион во тешка категорија, Александар Поветкин од Русија, ја запиша втората последователна победа.

ПоветкинТоа беше импресивна победа на галавечерта во Москва. Олимпискиот првак од Атина 2004 година скрши беспомошниот Камерунец Карлос Такам со неверојатен нокаут во 10-та рунда. Русинот зададе две крошеа во комбинација кои зашеметија Африканецот. Такам во деветата рунда беше во нокдаун. Натпреварот беше доста еквивалентен

Во почетокот на борбата повисокиот Такам пласираше удари од дистанца, пата така, пополека, во оделни рунди ја зголемуваше бодовната предност. Постепено Поветкин започна да ја скратува дистанцата, а тоа беше клучниот момент за мечот. Русинот ја запиша 28 победа во кариерата, од кои 20 се нокаут.

Претходно, годинава, тојне го прифати предизвикот на Мануел Чар. Единствениот пораз во неговата кариера е од Владимир Кличко во 2013 година.Такам веќе има два порази и 30 победи (23 со нокаут). Годинава тој успеа да го совлада беспомошниот Тони Томпсон-Тигар.

http://youtu.be/xkyFH8FtU5k

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО