Реџепи и Јашари најдобри во Дубровник

Абреша Реџепи и Хамза Јашари освоија златни медали на турнирот „8 Куп Моксице 2014“ во Дубровник.

Хамза Јашари џудо

Нашите џудисти се бореле одлично, велат од ЏК Иппон од Скопје, кој на 18 октомври се одржа во престижниот монденски град во Хрватска, Дубровник.

„На овој многу силен Куп, нашите џудисти беа супериорни над своите противници и покажаа дека насоката во која се движат е вистинската, целта се медали со европски, светски и олимписки сјај“, истакнува Горан Мицкоски од Иппон.
На турнирот „8 Куп Мокосице 2014“ учествувале екипи од Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Србија и Иппон од Македонија.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО