Ресул Адиловски освои сребрен медал на „Бубасјар Саитиев“ во Белгија (ФОТО)

Ресул Адиловски (-57 кг) го освои сребрениот медал силниот Меѓународен турнир во борење за млади до 23 години „Бубасјар Саитиев“  во  Келмис, Белгија, на кој настапија 14 земји.

Адиловски кој беше единствениот претсавник од Македонија под водтсво на Хмади Адили имаше 5 борби, при што забележа четири победи и тоа против  Цапар Микаил – Франција, Султани Усман – Белгија, Иса Ахмадов – Франција и Имран Адилгериев (Белгија), а во финалето изгуби од Французинот Дамур Вентентин.

„Задоволен од успехот, иако имаше можности и во финалето да постигне победа. Па, спортот е таков, секоја грешка се казнува. Сепак, задоволство е да се биде пред најуспешните светски борачи во слободен стил. На Буваисар Саитиев имаше над 250 борачи со голем квалитет“, вели Адили.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО