Реџелари: Кајакот е убав спорт, срцето вели…!

jasin vo Ohrid vesla

Откако вчера објавивме дека репрезентативецот во борење, Јасин Реџелари, го менува спортот и дека почнал да се занимава со кајак на мирни води, се јави до нашата редакција.

„Го сакам кајакот и интезивно вежбам. Тоа е убав спорт кој ме релаксира, а во него и ма и голема возбуда. А Охрид е посебен предизик за тоа. Но, сепак, во срецето ми е борењето и не го менувам за ништо“.

Реџелари рече дека во Охрид е на студијски претсој преку Факултетот за физичка култура, каде што тој е апсолвент. Тој им се заблогадарува на професорите што го упатиле во убавините на овој спорт и му доловиле многу тајни како да го совлада најбрзо.

Нашиот репрезентативец по завршувањето на факултетските обврски ќе се посвети на подготовките за Севтското превнство во Лас Вегас, САД, каде што ќе се бори за олимписка норма.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО