АктуелноДомашна сценаКарате
Несторвски ѕвезда на тренинг кампот на ВКФ во Умаг!
Освојувачот на бронзениот медал од Европските игри во Баку, Мартин Несторовски, на тренинг кампот на Светската карате федерација (ВКФ) во Умаг, Хрватска, е претставен како една од ѕвездите на Светскиот камп и Купот што ќе се одржи викендов.
Несторовски не е само гостин на Светската карате федерација, туку тој го посетува делот за тренери, каде што треба да се здобие со сертификат на ВКФ за тренер .
ipon.mk/В.Д.




