Прво соочување на Головкин и Ролс (ВИДЕО)

Во првиот меч по поразот од Канело во реваншот Генади Головкин (38-1-1, 34 КО) ќе се сретне со Стив Ролс (19-0, 10 КО).

37-годишниот Казахстанец во рингот со две години помладиот Канаѓанец влегува на 8 јуни во њујоршкиот Медисон сквер гарден.

По прес-конференцијата во Њујорк, борците го направија првото соочување.

Иако Ролс е без пораз, се очекува лесна победа на казахстанскиот нокаутер, на кого овој меч ќе му послужи како загревање за планираната трета борба со Мексиканцот.

По поразот од Канело ГГГ потпиша договор за шест меча со стриминг сервисот ДАЗН.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО