Ковалев сака меч со Бербатиев

Шампионот во полутешка категорија на ВБО, Сергеј Ковалев сака да се бори со Артур Бетербиев кој ја држи титулата на ИБФ.

Со години двајцата не се сретнаа во рингот поради проблеми во преговорите или меѓу организаторите.

Но сега и двајцата имаат договор со Топ ранг, кои, пак, имаат ексклузивен договор со ЕСПН, што го прави мечот далеку полесен за организирање.

Бетербиев има две победи над Ковалев во аматерска конкуренција.

„Пресметката со Бетербиев ми е меѓу приоритетите, бидејќи има историја меѓу нас. Но сум благодарен на Бог штоа изгубив тие битки, бидејќи, ако освоев големи награди во аматерска конкуренција, европските шампионати или на Олимписките игри, ќе си помислев дека тоа ми е максимумот. Но, бидејќи не ги постигнав овие мои амбиции кај аматерите, поминав во професионалниот бокс“.

36-годишниот Ковалев има 33 победи од кои 28 се со нокаут и 3 порази. Неговата последна борба беше во февруари, кога го победи Елајдер Алварез.

https://www.youtube.com/watch?v=iETvpL9VJKI

34-годишниот Бетериев има 13 меча, сите се победи со нокаут. Титулата на ИБФ ја освои во ноември 2017 година и сега ќе ја брани против Радивоје Калајџиќ на 4 мај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО