Протест на БК Олимпија од Штип; БФРСМ: Се шират дезинформации

Борачките и борачите од БК Олимпија денеска протестираа на штипскиот плоштад „Слобода“ поради забраната од страна на Боречката федерација на Македонија за учество на домашните натпреварувања. 

„Децата 3 години се надвор од Боречката федерација и принудени сме да ги носиме да се натпреваруваат надвор од нашата држава, значи на меѓународен план, а нивните успеси не можат да ги истакнат во сопстевната држава“, изјави Кире Нисев, тренер во БК Олимпија.

Тврдат дека бесправно се исрфлени, зашто имаат и судска пресуда во која стои дека тие не се виновни за инцидентот од пред 3 години. Но, уште поважно е велат дека, никој нема право да ја ускратува можноста на децата да спортуваат и да се натпреваруваат.

„Според универзалните човекови права за децата на ОН, според Уставоти сите закони, на дете во никој случај не може да му биде оневозможено да се натпреварува. Боречата федерација морала да го почитува принципот на социјален дијалог, да му посочи на клубот тие да се борат по БФСР, односно под Боречката федераија“, изјави Страшо Глигоров, поранешен селектор на боречката репрезентација, кој исто така е суспендиран.

Обвинија и за низа други неправилности во работењето на Федерацијата, за што ќе побараат вонреден инспекциски надзор. Од Боречката федерација велат дека БК „Олимпија“ никогаш не бил нивни постојан член и дека борачите можат да настапуваат за репрезентацијата, но со посебна покана.

На ова од Боречката федерација велат дека Олимпија е исклучена поради непочитување на Статутот и Правилниците.

„БК Олимпија од Штип согласно со одлуката на БФРСМ 2020 година е исклучена од членството на Федерацијата и Правилниците на нашата Федерација. БК Олимпија беше времен член на нашата Федерација и поради нивните административни пропусти на раководството не му е издадено на клубот решение за вршење на дејност спорт од Агенцијата за млади и спорт. Согласно со Законот за спорт, БК Олимпија нема право да организира ни тренажен процес.“ – велат од Боречката федерација.

Од Федерацијата додаваат дека со нивните дезинформации се пренесуваат невистини меѓу членовите и нивните родители, а вината е во неспособноста на раководството на клубот кое веќе две години не разговарало за надминување на ситуацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО