Џо Џојс може да го замени Вајт за борбата со Фјури

Сензационална рокада во последен момент. Менаџерите на Тајсон Фјури се подготвени за ваква опција во однос на претстојниот меч со Дилиен Вајт. Кралот на Ромите ќе ја брани титулата на ВБЦ во тешка категорија против „Крадецот на трупови“. Тие ќе се соочат на 23 април на стадионот Вембли во Лондон во долгоочекуваното враќање на шампионот во татковината.

Изненадувачки или не, сепак, персоналот на Фјури веќе ја има подготвено замената на Вајт во случај тој да се премисли и да се повлече од судирот. Така изјави агентот на Тајсон, Френк Ворен. Според него, тие се преосигуриле со потпишан договор со друг боксер да го заземе местото на Дилиен доколку претендентот ја бојкотира борбата во последен момент.

„Вајт има одредени обврски за овој меч. Тој во моментов ги прекршува условите од договорот, што е крајно разочарувачки. Дилиен треба да биде дел од секој медиумски настан, но одбива бидејќи неговиот менаџер не победил на аукцијата. Ова е загрижувачко и ние сме подготвени за секој нивен потег“, изјави Ворен.

Тој не потврди со кој боксер Вајт евентуално би можел да биде заменет. На Островот, сепак, тие се убедени дека тоа е предизвикувачот број 1 на ВБО, Џо Џојс. Британецот во моментов е во преговори за борба со Џозеф Паркер во текот на летото. Сепак, тој беше предупреден дека можеби ќе треба порано да влезе во рингот, за што ќе добие огромни пари.

Фјури и Вајт се судриаат за 41 милион долари. Од нив Тајсон ќе инкасира 29,5 милиони, 4 се за победникот, а Дилиен ќе ги земе преостанатите 7,5 милиони. Ако има рокада, дотичните пари ќе одат на сметката на неговиот заменик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО