Протече датумот за враќањето на Хабиб и голем меч за обединување на титулите?

Во морето на големи вести се појави и една битна информација поврзанана со Хабиб Нурмагомедов

Според бразилскиот Комабате, актуелниот шампион во лесна категорија на УФЦ се враќа во октагонот на 19 септември.

Противник на Хабиб Нурмагомедов (28-0) во мечот за обединување на титулите ќе биде привремениот шампион Џастин Гејџи (22-2), а тие двајцата би требало да го предводат настанот УФЦ 253. Официјалната потврда од УФЦ на оваа тема сè уште нема…

Но, ако се покажат точни наодите на Комбате, непоразениот Дагестанец во акција ќе го видиме за прв пат од септември 2019 година кога во Абу Даби го победи тогашниот привремен шампион Дастин Пориер со гушење во третата рунда..

Од друга страна, Гејџи, да потсетиме, стигна до најголемиот меч во кариерата со тоа што го запре Тони Фергусон на УФЦ 249, соборувајќи ја импресивната низа од 12 победи на Ел Кучуј, но и ја зазеде позицијата како прв предизвикувач. Тоа беше четврти триумф по ред на Џастин, а исто така и четврти меч во низа во кој дојде до победа со нокаут или технички нокаут.

Локацијата на кој треба да се случи УФЦ 253 во моментот не е позната, но, според пишувањата на американските портали за боречки вештини, главни фаворити се „Борбениот остров“, или островот „Јас“ и комплексот АПЕКС во Лас Вегас.

Да спомнеме и дека денска порано УФЦ го потврди третиот меч помеѓу Стипе Миочиќ и Даниел Кормиер, но и трите борби за титули кои не чекаат на УФЦ 251.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО