Пакијао демантира дека ќе се кандидира за претседател на Филипини

Шампионот на Светската боксерска асоцијација (ВБА), Мани Пакијао, ги демантираше вестите дека има намера да се кандидира за претседател на Филипини на изборите во 2022 година. Веста ја објави вчера неговиот поранешен промотор Боб Арум до весникот „Сан“.

„Колку што можам да се сетам, никогаш не разговаравме со Арум за политика. Нашиот последен видео разговор беше за планирање на мечеви, но не и за политика. Нашата дискусија се однесуваше на боксот”, изјави Пакијао (41) за BoxingScene.

Боксерот е член на Сенатот на земјата од 2016 година, собра 16 милиони гласови. Во 2022 година истекува овој мандат на законодавниот дом. Во рингот Мани Пакијао има 62 победи од кои 39 со нокаут, 7 порази и 2 нерешени борби.

Во 2016 година го најави крајот на кариерата, но по влегувањето во Сенатот се врати во спортот. Го победи Американецот Џеси Варгас во борба за титулата во категоријата до 66,68 кг во ВБО верзијата (Светска боксерска организација), откако се врати во рингот има три победи и еден пораз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО