Пропаднаа преговорите на Валјдер и Поветкин, се оди на поднесување на понуди

diontej wilder povetkin graf

Преговорите меѓу шампионот на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер и задолжителниот предизвикувач Александар Поветкин не вродија со плод.

Затоа, Светскиот боксерски совет закажа за 26 февруари поднесување на понуди за организирање на мечот за титулата во тешка категорија.

Вајлдер минатиот месец по трети пат ја одбрани титулата, победувајќи го Артур Шпилка во Њујорк. Баркли центарот во Бруклин е ставен во опција за потенцијалниот меч меѓу Поветкин и Вајлдер кон крајот на мај.

Промоторот на Поветкин, Андреј Рјабински, убеден дека ќе ја добие организацијата на средбата 2013 година, понуди 23 милиони долари за организација за борбата на Поветкин со Владимир Кличко.

Страната што ќе понуди повеќе пари ќе ја организира борбата, а Вајлдер во неколку наврати изјави дека нема намера да оди во Русија за да ја брани титулата. Американскиот тешкаш веќе имаше три доброволни одбрани на титулата и ниту една задолжителна, која ја освои против Бермен Стиворн. Ако страната на Поветкин ја добие организацијата на борбата ќе мора да се согласи на одбрана секаде каде што ќе рече другата страна или да се откаже од ВБЦ титулата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО