Претседателот на руското борење призна допинг, а потоа го одрече

Mamaasvili - sef na ruskoto boerenje

Михаил Мамиашвили, претседателот на Руската федерација за борење, призна за десетици позитивни примероци на мелдониум во „Зборнаја“. Но два часа подоцна објави дека не бил правилно разбран.

Ruski borac

„Поради допинг ризикуваме да нема со кого да одиме на Олимпијадата во Рио“, додаде Мамиашвили.

Пред еден ден двајца борачи од грчко-римски стил беа вмешани во допин аферата со мелдониум – Евгениј Салеев (80 кг), светски вицешампион од 2014 година, и Сергеј Семонов (130 кг) е втор на Светското првенство во 2015 година.

Така борењето стана 12-от спорт во Русија чии натпреварувачи беа позитивни на употребата на забранетиот стимуланс од 1 јануари 2016 година. Прва беше тениската мега ѕвезда Марија Шарапова.

„Овој инцидент ни ја урна беспрекорната репутација. Од 1952 година немавме ниту еден случај и одеднаш десетици позитивни примероци. Оваа епидемија е споредлива со катастрофа“.

Сепак, подоцна Мамиашвили се откажа од претходно кажаното.

„Имав во предвид дека десетици руски натпреварувачи од другите спортови, како уметничко лизгање, брзо лизгање, пливање … можат да не одат на Олимпијада поради мелдониум. А за борењето сакам да ви кажам да бидете спокојни. Се ќе биде во ред, ќе имаме борци на Олимпијадата. И се надевам дека таму ќе бидеме со најсилниот тим“.

„Зборнаја“ веќе пријави учество на Европското првенство до 23 година во Русе, Бугарија, од 29 март до 3 април. На шампионатот ќе учествуваат над 400 натпреварувачи од 34 земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО