Прекрасно отворање на Европското карате првенство: Сонот стана јаве, ВСФ е бренд! (ФОТО)

Нашиот сон стана јаве, Светската шотокан федерација сатна бренд, рече Адријан Попеску, претседателот на Европската шотокан федерација на прекрасното отворање на 11.Европското карате шотокан првенство во Скопје.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, изрази задоволство што е на отворањето на Европското првенство.

„Среќен сум што ова ЕП се организира во Македонија. Ова е промоција на спортот, нашата држава и на нашиот град. И посакувам успех на сите учесници на шампионатот. Благодарност до господинот Живко Тасевски и се надевам дека ќе организира уште вакви настани“, истакна Каевски.

Организаторот на Европскиот шампионат и прв човек на Македонската шотокан академија, Живко Тасевски, и додели плакети на видни личности на ВСКФ и од нашата земја за развојот и поддршката на карате спортот. Призанија добија: Адријан Попеску, Кака Василиј, Јашар Баширов, Харетин Хамурџу, Ерџумент Ташдемир, Дарко Каевски, Горан Паунов и Атанас Филиповски.

Посебен впечаток на пристуните и остави КУД „Цветан Димов“ со својата изведба на неколку македонски ора , како и пеачот Игор Андреевски.

https://www.facebook.com/256589898348644/videos/474552729824266/

Секако, најголемо внимание предивзика демоснтрацијата на Јони Топурија од Грузија во делот на пара карате, како и нанашиот Даниел Сташевски, но и двајца каратисти од Турција.

https://www.facebook.com/gocha.surmanidze.5/videos/3230745826966627/

Во делот на егзибициската изведба сите судии ја изведоа првата ката „хеан шодан“, ама некој од нив паднаа на испитот, ја згрешија, а некои натпреварувачи на шега прокоментираа така е кога не оштетија.    

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО