Предизвикувачот за светската титула уапсен поради врските со руската мафија

Полицијата и судството се вмешаа во борбата за титулата во средна категорија.

Англичанецот Били Џо Сандерс требаше на 8 јули во Лондон да ја брани титулата на ВБО во средна категорија против Автандили Хурцидѕе. Но, борбата е откажана бидејќи Грузиецот кој живее во Њујорк е уапсен за наводни врски со организираниот криминал.

Во соопштението на американскиот Јавен обвинител за јужниот округ на Њујорк стои дека се уапсените членови и соработници на руско криминална група за рекетирање, изнуди, грабежи, заговори за нарачување на убиства, измами, наркотици и поседување на огнено оружје.

Меѓу 33-цата обвинети и Автандили Хурцидѕе попознат како „Кикбоксер“.

„Уапсените се членови и соработници на рускиот организиран криминал вклучени во нелегални активности во земјата. Обвинет е и наводниот водач на организацијата и ова е едно од првите обвиненија за рекетирање против некој Русин. Вртоглавиот попис на криминални дела вклучува заговор за нарачано убиство, план за ограбување на заведените жртви и дрогирање со хлороформ, крадење на повеќе од 4,5 тони товар со чоколадо и измама на апаратите во казината преку електронските уреди. Благодарение на извонредната соработка на ФБИ, ЦПБ и НЈПД обвинивме и уапсивме 33-ца“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON