БФМ целосно ќе го исплати долгот кон семејството Неделковски, набвака на нова опрема

Боксерската федерација на Македонија (БФМ) целосно ќе измери обврските кон семејството Неделковски кое имаше отштено побарување по смртта на боксерот Ѓокица Неделковски на турнир во Атина, Грција, во 1996, поради што долго време Федерацијата беше блокирана.

На денешната седница на Упрваниот одбор покрај оваа одлука беа донесени уште неколку од суштински значење за боксот. Претседателот Игор Златков соопштил дека се пристигнати средства од Агенцијата за млади и спорт кои ќе бидат наменети за набавка на шест ринга кои ќе бидат поделени по региони и друга спорстка опрема за настап. За ова ќе биде распишан тенедер за набавка на опремата.

На 1 и 2 јули ќе се одржи Државното првенство, а целосната организација ја презема претседателот на БФМ, а од септември треба да почне Боксераката лига на Македонија.

На седницата на УО се примени два нови клуба во БФМ, Чигра од Скопје и Борец од Велес.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО