Витали: Се обвинувам себе си за поразот на Владимир од Џошуа

Витали Кличко се обвини за поразот на брат му од Ентони Џошуа.

Поранешниот светски шампион беше во аголот на Владимир во текот на борбата со Британцот за титулите на ВБА, ИБФ и ИБО во тешка категорија пред 90.000 гледачи на Вембли.

Откако се најде во нокдаун во петата рунда, Владимир успеа направи пресврт во вториот дел од истата рунда, а во следната да го повреди и да го собори Џошуа.

Витали верува дека на брат му му дал погрешен совет. По нокадаунот во шестата рунда Украинецот не го притисна Џошуа и му дозволи да се опорави и да го заврши во 11 рунда.

Витали вели дека го советувал Владимир да оди полека, бидејќи очекувал Џошуа целосно да снема снага во вториот дел од битката, но тоа не се случи.

„Кога заврши борбата едвај изговоривме збор. Ние не треба да зборуваме, доволно е да се погледнеме во очи. Дури во соблекувалната му се заблагодарив за една од најдобрите борби во неговата кариера. Знам колку му беше важна таа борба, за жал, видовме што се догоди. Во тешка категорија секој удар може да биде одлучувачки“.

„Се обвинувам себе си за поразот на браќата. Сносам дел од одговорноста. Кога Владимир за малку го нокаутира Џошуа му дадов погрешен совет. Бев сигурен дека Џошуа со огромната мускулна маса нема да издржи до крај. Го советував Владимир да не брза. Се надевав дека по седмата и осмата рунда значително ќе забави. Сега мислам дека тоа беше грешка, можеби трбаше да се обиде да го заврши порано“.

Владимир во следните две недели ќе донесе одлука за реваншот. Витали вели дека во секој случај ќе ја поддржи неговата одлука.

„Искрено, Владимир нема повеќе што да докажува. Не знам други боксери кои собрале толку многу титули и сите да ги бранеле и да доминирале повеќе од десет години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО