Познати шестмината борци на тешкашкиот турнир на Глори вреден 150.000 долари

Глори ги објави имињата на шесте учесници во тешка категорија.

Турнирот се одржува на 8 декември во Ротердам, а за освојување на турнирот потребно е да се победи трипати истата вечер.

Вкупната парична награда е 150.000 американски долари. Победникот ќе добиде 100.000, финалистите по 30.000 и полуфиналисти по 10.000.

Порано е објавено дека Романецот Бени Адегбај е прв, а Мароканецот Џамал ​​Бен Садик втор носител и може да се сретнат дури во финалето.

Други познати учесници се Холанѓанецот Јахфар Вилнис, Бразилецот Гуто Иносенте, Австралиецот Жуниор Тафа и Словакот Томас Можни. Имињата на двајцата преостанати учесници ќе бидат објавени подоцна.

Во резервната борба на турнирот ќе се борат актуелниот К-1 првак во категоријата до 100 килограми Роел Манарт и Русинот Кирил Корнилов.

Во главниот дел на програмата ќе се борат и шампионот на Енфужн, Луис Таварес, додека во делот на Супер серија Марат Григоријан се среќава со Кристијан Баја.

Глори 62 Супер фајт серија
Марат Григоријан – Кристијан Баја
Тијани Безати – Стојан Копривленски
Мохамед Јараја – Роби Хегеман
Мајлс Симсон – Мохамед Мезуари
Донован Висе – Ертугрул Бајрак
Роел Манарт – Кирил Корнилов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО